недела, 12 јули, 2026
Meta.mk

Ознака: кадри | 15 резултати

Милошоски ја обвини власта за незаконско поставување на кадри

август 19, 2017

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски денеска на прес-конференција ја обвини власта за незаконско поставување на кадри во Управните и Надзорните одбори, директори на јавни претпријатија и внатре на раководните позиции во државните институции. Тој кажа дека „незаконските дејствија се одвивале преку делигитимирање на институциите и поставување на луѓе со несоодветно образование.“ – Во Управни […]

Кадровските смени, една од темите на денешната седница на Владата

јули 31, 2017

Владата денеска ќе ја одржи својата 18. седница со почеток во 18 часот. „На денешната седница Владата ќе разгледа и констатира состојби за напредок на земјата во процесот на европска интеграција, користење и имплементација на ЕУ-фондовите и статусот на реализација на приоритетите на Република Македонија за влез во НАТО, а ќе ја разгледа и информацијата за имплементацијата на […]

Спасовски одлучил за директори на УБК и на БЈБ, ама не ги соопштува до седница на влада

јуни 16, 2017

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, одлучил кои ќе бидат новите директори на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) и на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), но не ги кажува нивните имиња до седницата на влада на која треба да ги предложи. Ова денеска го потврди Спасовски, на прес-конференцијата по повод потпишувањето договор за донација […]

Денеска Владата одржува нова седница

јуни 6, 2017

Втората седница на Владата почна во 12 часот. Се очекува и на оваа седница да се расправа за кадровските решенија во министерствата и во институциите. Владата вчера на првата седница ги формираше работните тела и комисии. Премиерот Зоран Заев за вицепремиери ги именуваше министерката за одбрана, Радмила Шекеринска-Јанковска, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, како […]

Во соработка помеѓу МАСИТ и УСАИД, се обучуваат кадри за ИКТ-секторот

мај 19, 2017

Вкупно 40 кандидати денеска почнуваат со обуката во рамки на проектот на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ за „Преквалификација на кадри“, во соработка со УСАИД. Од МАСИТ информираат дека по спроведеното истражување меѓу компаниите – членки на комората, констатиран е дефицит на кадри во ИКТ-секторот, од профилите за програмирање. „Како резултат на ова […]

СДСМ: Ќе бидат преиспитани милионските долгови на државните претпријатија

мај 11, 2017

„Ќе бидат преиспитани сите милионски долгови што државните и јавните претпријатија ги направиле врз основа на неплатени даноци“, се вели во соопштението на СДСМ. Во него се додава дека и според последната должничка листа на УЈП, меѓу најголемите должници се државните и јавните претпријатија, кои должат и по неколку милиони евра за неплатен данок. „Институциите го […]

На странските инвеститори им недостигаат 500 квалификувани работници

април 10, 2017

Странските компании бараат квалификувани физички работници кои ги нема на пазарот на труд во Македонија и тоа е сериозен проблем во нивното работење, истакна претседателот на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија, Штефан Питер. Истражувањето на кое одговориле 40 компании, покажува дека лани тие имале потреба од 500 квалификувани физички работници и половина од […]

Спасовски: До сега се сменети 11 началници во МВР, можно е да се сменат уште четворица

октомври 8, 2016

Досега во Министерството за внатрешни работи се сменети 11 началници, а останува можност за промена уште на четворица, одговори денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на новинарско прашање за последните кадровски смени во МВР, на промоцијата на полициски службеници во Идризово. Спасовски информираше дека добил информација оти четири до пет лица на битни позиции во […]

Охрид и Струга oстанаа без вода поради неплатени сметки за струја

октомври 6, 2016

Охрид и Струга синоќа останаа без вода зашто водоснабдувачкото претпријатие „Проаква“ не си ги платило сметите за електрична енергија. ЕВН го исклучи електричното напојување на главните пумпи од кои граѓаните се снабдуваат со вода. Граѓаните бргу реагираа, нагласувајќи дека тие не се виновни за овој проблем и дека редовно и навреме ги намируваат сметките кон претпријатието „Проаква“ […]

Од Партијата на пензионери бараат итно формирање влада со некомпромитирани кадри

јуни 9, 2016

Партијата на обединетите пензионери и граѓани на Македонија (ПОПГМ) бара неодложно и конкретно, а не декларативно дејствување за да се елиминираат сите можности за понатамошно опструирање на работата на СЈО и за оспорување на неговата уставност. Од партијата велат дека ги подржуваат заложбите на учесниците на „Шарената револуција“, додека властите ги обвинуваат за упорно одложување на […]

Нова постава на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Битола

јуни 28, 2015

Новиот локален лидер на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, Борче Димитровски, избра сосема нов тим за општинскиот комитет на владејачката партија во Битола. Димитровски избра млади профилирани кадри на ВМРО-ДПМНЕ, но направи релации и со старото членство на партијата. За потпретседател ја избра директорката на Пелагонскиот плански регион, Емилија Ѓероска, новинарка по професија, која ќе го води […]

Страна 1 од 1