Македонија Груевски најави изградба на 140 градинки

Груевски најави изградба на 140 градинки

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, промовираше проект за изградба на 140 државни детски градинки, од кои 100 ќе бидат комплетно нови. Проектот, според проекциите, ќе чини околу 25 милиони евра.

Груевски смета дека Владата предводената од ВМРО-ДПМНЕ изминативе години целосно се посветила на потребата од зголемување на капацитетите за згрижување на деца од предучилишна возраст, односно отворање на нови детски градинки.

– Денеска објавувам нов проект за периодот 2017-2020. Новиот проект предвидува изградба на најмалку 140 државни детски градинки, од кои 100 комплетно нови градби и 40 детски градинки кои ќе се отворат во постоечки, а не искористени државни објекти откако претходно ќе се инвестира во нивно реновирање и адаптирање – изјави Груевски.