Главна секција Груевски: Ќе се испочитува рокот нова влада да има на 15 јануари

Груевски: Ќе се испочитува рокот нова влада да има на 15 јануари

Тоа што е договорено е нова влада да има на 15 јануари и тие рокови ќе се испочитуваат, изјави денеска премиерот Никола Груевски на отворањето на плоштадот Мајка Тереза и на подземната гаража „Кресненско востание“.

Тој не сакаше да коментира дали ќе се повлече на 10 јануари, како што вчера изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

На новинарско прашање што мисли за посетата на еврокомесарот Јоханес Хан, премиерот рече дека тој, како и секогаш, е добредојден во Македонија.