Македонија Груевски ќе говори на Генералното собрание на ОН и ќе се сретне...

Груевски ќе говори на Генералното собрание на ОН и ќе се сретне со Бан Ки-мун

Премиерот Никола Груевски денеска ќе се обрати пред Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк и ќе се сретне со генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун. Една од темите на средбата со генералниот секретар на ОН се очекува да биде и спорот за името.

Груевски пред неколку дена, во рамките на приемот организиран од американскиот претседател Барак Обама, имаше неофицијална средба со грчкиот премиер Алексис Ципрас, на која било спомнато прашањето за името.

Говорејќи на Генералното собрание на Обединетите нации, грчкиот премиер посочи дека Грција работи на решавање на сите отворени прашања со земјите од Западен Балкан, посочувајќи го обидот да се надмине спорот за името со Македонија.