Македонија Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ја поздрави одлуката на Иванов за аболиција на 22...

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ја поздрави одлуката на Иванов за аболиција на 22 лица

Вчерашната одлука на претседателот Ѓорге Иванов е на линија на нашите активности и е добра одлука која ја поздравуваме. Мислам дека е одличен чекор и се надевам дека работите ќе продолжат да се одвиваат во добра насока и дека што поскоро СДСМ ќе се охрабри да дојде на избори – изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на Општата болница во Струмица.

Според Груевски, сега во Македонија нема ниту еден аболиран политичар врз кој може да се фрли сомнеж дека е аболиран заради тоа што сторил кривично дело и на некој начин ја избегнал одговорноста за тоа, со исклучок на Зоран Заев за случајот „Глобал“.