Македонија Груевски: Ја поддржуваме Јанева, но и таа треба да внимава да не...

Груевски: Ја поддржуваме Јанева, но и таа треба да внимава да не дозволи влијание од одредени партии

Специјалното обвинителство се формираше со поддршка на четирите партии и на Владата и тие даваа и сè уште му даваат поддршка, одговори денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на загриженоста на претставничката на САД во Постојаниот совет на ОБСЕ во Виена, Кејт Брнс, која побара владејачката партија да не ја напаѓа работата на Катица Јанева.

– Но и обвинителката треба да внимава да не дозволи влијание од одредени партии, туку да работи според законите – рече Груевски.