fbpx

САД ја повикаа ВМРО-ДПМНЕ јавно да ги поддржи Катица Јанева и ДИК

-

Кејт Брнс, претставничка на САД во Постојаниот совет на ОБСЕ во Виена, ја повика ВМРО-ДПМНЕ јавно да ја поддржи работата на специјалната обвинителка во сите фази на нејзината работа, објави „НоваТВ“.

„САД ги поздравува напорите за примена на Договорот од Пржино кој е најдобриот пат за Македонија за излез од политичката криза. Исто така ја поздравуваме оставката на премиерот Никола Груевски како камен темелник на примената на Договорот од Пржино. Многу важни обврски од Договорот од Пржино сепак не беа остварени. На пример, работата на Анкетната комисија која треба да предложи реформи за разузнавачките служби и која останува нереализирана. Кога ќе бидат комплетирани, тие реформи треба да воведат политичка одговорност за сите оние за кои ќе се открие дека незаконски постапувале.

Изјавите на една политичка партија, ВМРО-ДПМНЕ, и нејзините лидери кои ја напаѓаат работата на Специјалната обвинителка се уште еден извор на загриженост. Ние ги повикуваме сите политички партии, кои едногласно се договорија за именувањето на г-ѓа Катица Јанева, јавно да ја поддржат работата на Специјалната обвинителка во сите фази на нејзината работа. Ние исто така ги охрабруваме сите партии да ја поддржат работата, и јавно и приватно, на независната Државна изборна комисија за да се обезбеди таа да има доволно персонал, ресурси и пристап до информациите кои ѝ се потребни за да води својата работа во првата темелна анализа на изборната листа на земјата.

САД се загрижени поради недостигот на напредок за препораките на Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права дадени во 2014 година. Во нив се содржани: пречистување на изборниот список, реформа на медиумите за да се обезбеди еднаков пристап за сите алтернативни ставови, одвојување на државата од партијата, спречување на заплашувањето на гласачите и притисок. Како клучни олеснувачи на Договорот од Пржино, САД и ЕУ ќе направат анализа на напредокот околу овие прашања пред распуштањето на парламентот на 24 февруари за да се определи дали условите кои треба да водат до кредибилни избори на 24 април се исполнети како што тоа го предвидува Договорот од Пржино“, рекла Брнс во Виена.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...