Македонија Груевски и Вељаноски во Собрание на средба со пратениците од коалицијата на...

Груевски и Вељаноски во Собрание на средба со пратениците од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, на својот фејсбук-профил сподели слика од пратениците од Коалицијата за подобра Македонија од кабинетот на претседателот на Собранието, на која се гледа како на чело седат досегашниот претседател на законодавниот дом, Трајко Вељаноски, а до него е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Милошоски напиша дека пратениците биле таму за да „ги афирмираат“ ставовите кои партијата постојано го повторува, односно дека секој пратеник има мандат и должност „да ги почитува и да ги штити“ деловникот, законите и Уставот, дека обидот за избор на претседател на Собранието со кршење на деловникот и на законите е нелегален, како и дека на Македонија во овие тешки и многу чувствителни моменти не ѝ потребен нелегален претседател на Собранието, нелегална влада и создавање на тешки политички преседани.

Милошоски напиша и дека „ниту политичкото насилство, ниту физичкото насилство во Собранието не се за оправдување, ниту пак заради насилни поединци некој има право целиот мирољубив народ да го нарекува терористи“.