Македонија Груевски ги лажел граѓаните дека постојат странски служби за да се спаси,...

Груевски ги лажел граѓаните дека постојат странски служби за да се спаси, велат од СДСМ

Никола Груевски е фатен во нелегално прислушување на граѓаните на Македонија, заедно со неговиот братучед Сашо Мијалков, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Во соопштението се додава дека „Груевски ги лажел граѓаните, измислил тактички опреми, клонирани станици, странски служби во обидот да се спаси себеси и братучедот.“

– Граѓаните знаат дека Груевски и соработиците тоа го правеле за криминални интереси на нивна штета и сега очекуваат правда. Затоа граѓаните гласаа за продолжување на мандатот на СЈО, за живот, за промени, за реформи, сè од што бега обвинетиот поранешен премиер кој е соочен со одговорноста за злоделата што ги правел – се вели во реакцијата на СДСМ.