Македонија Груевски до Бејли: ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржи сите реформи што се во...

Груевски до Бејли: ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржи сите реформи што се во интерес на граѓаните

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, заедно со членот на извршниот комитет на партијата, Никола Тодоров, денеска со американскиот амбасадор Џес Бејли разговараше за актуелната состојба, приоритетите и за предизвиците на државата.

Како што соопштија од партијата, на средбата била констатирана заложбата на земјава што поскоро да добие позитивна одлука за членство во НАТО, што, како што се истакнува, преставува стратешка определба на ВМРО-ДПМНЕ.

Груевски и Тодоров нагласиле дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржи реформските агенди важни за интеграциите во Европската Унија, за кои ќе се оцени дека би биле од интерес на граѓаните. Тие, исто така, ја истакнале потребата од дебата во однос на значајните одлуки и законски решенија.