Македонија Груби: ИРИ потврди дека Албанците ја поддржуваат ДУИ

Груби: ИРИ потврди дека Албанците ја поддржуваат ДУИ

Пратеникот на ДУИ, Артан Груби, денеска се сретна со Аник ван Калстер, амбасадорка на Белгија во Македонија, со која разговараше за актуелната политика во Македонија, спроведувањето на Договорот од Пржино и за преговорите на работните групи, експертизата на Охридскиот договор, предвремените избори и за прашањето за името и за евро-атлантската интеграција.

„Во врска со анализата на Охридскиот договор, Груби истакна дека овој процес е обврска на Владата, кој произлегува од извештајот за напредокот, дијалогот на високо ниво, заклучоците на Владата и од акциониот план, додека препораките кои ќе бидат изведени од сеопфатниот процес на Секретаријатот ќе ги зајакнат стабилноста во оваа земја и меѓуетничките односи и ќе ја направат демократијата постабилна. Груби нагласи дека анкетата на ИРИ ја потврди волјата на апсолутното мнозинство на Албанците за поддржување на ДУИ на следните избори, бидејќи во ДУИ тие гледаат безбедност и стабилност за себе и за земјата. Груби изрази уверување дека ДУИ ќе ги исполни и отчекувањата на граѓаните за еден нов дух во албанската политика“, информираат од ДУИ.