Свет Балкан Грците ќе можат да испраќаат пари и во странство

Грците ќе можат да испраќаат пари и во странство

Грчката влада направи минимални олеснувања за банкарските рестрикции со кои се овозможува мали суми да се испраќаат во странство.

Ова е прв пат после два месеци да се дозволи испраќање средства во странство.

Согласно новите амандмани на грчкото министерство за финансии им дозволи на Грците месечно да испраќаат по 500 евра во странство, како и 8.000 евра по квартал за студентите кои студираат во странство.

Новите измени им дозволуваат на Грците да отворат нови банкарски сметки, но кои нема да имаат право на повлекување средства, а ќе служат за исплаќање заеми, придонеси за социјално осигурување и даноци.

Владата воведе банкарските рестрикции кон крајот на јуни, откако премиерот Алексис Ципрас најави реферндум за условите на кредиторите за новата финансиска помош.