Свет Балкан Грција: Центрите за регистрација на бегалци ќе бидат завршени до 15 февруари

Грција: Центрите за регистрација на бегалци ќе бидат завршени до 15 февруари

Подигнувањето на центрите за регистрација на бегалци на грчките острови во Егејско Море мора да биде завршено до 15 февруари, соопштија грчкиот министер за одбрана и претставникот на УНХЦР во Грција.

– Сите центри за регистрација на бегалци ќе бидат довршени до 15 февруари – соопшти грчкиот министер за одбрана, Панос Каменос, за време на посетата на островот Лезбос, главната врата за влез на мигрантите во Европа, поради близината на турскиот брег.

Во придружба на бројни високи владини претставници и на претставникот на УНХЦР во Грција, Филипе Леклерк, Каменос ги посети грчките острови Хиос, Кос, Лерос, Самос и Лезбос, на кои до 15 февруари ќе бидат поставени центри за регистрација на бегалци.

– Сета енергија и капацитети на грчката војска во моментов се насочен на подигнување центри за бегалци за да бидат довршени во предвидениот рок – рече Леклерк.