Свет Балкан Грција: Пронајдено оружје на товарен брод

Грција: Пронајдено оружје на товарен брод

Грчките власти соопштија дека специјалната единица на крајбрежната стража пронашла оружје за испорака на товарен брод, кој со странско знаме плови во близина на грчкиот остров Крит.

Крајбрежната стража наведе дека го одвела бродот во пристаништето за понатамошна истрага.

Сè уште нема детални информации за тоа за колкаво количество оружје станува збор, од каде и кон каде пловел бродот, ниту, пак, е откриен идентитетот на членови на бродскиот екипаж.