Свет Европа Грција предлага ЕУ по морски пат да ги депортира мигрантите во Турција

Грција предлага ЕУ по морски пат да ги депортира мигрантите во Турција

Грција планира да побара помош од Агенцијата за контрола на надворешните граници на ЕУ (Фронтекс) за да организира морска рута за депортација на мигранти назад во Турција, изјави висок грчки претставник за агенцијата „Асошејтед прес“, кој побарал да остане анонимен.

Владата во Атина ѝ предлага на ЕУ мигрантите што не ги исполнуваат условите за добивање азил во Европа да се транспортираат назад во Турција со чартер-бродови од Лезбос и од другите острви.
Изворот на агенцијата рекол дека Грција сè уште не расправала за морската депортација со другите земји-членки на ЕУ.
Минатата година во Грција пристигнале повеќе од 850.000 мигранти, на кои Грција им е првата станица на патот кон Западна Европа.