Економија Грција ќе бара дополнителен отпис на долговите

Грција ќе бара дополнителен отпис на долговите

https://www.flickr.com/photos/wallyg/135116633/

Kако награда за спроведените оспежни мерки на штедење, Грција ќе побара дополнителен отпис на долгот. Според премиерот Андонис Самарас, неговата држава на дело го спровела „најголемо ресктруктуирање на јавниот долг во својата историја“.

Тој рече дека голем предизвик е да докаже дека долгот на Грција е одржлив, со оглед на тоа дека „држава со неодржлив долг не може да се задолжува на пазарот“.

Истовремено предупреди дека отпор на барањето за дополнителен отпис на долгот е ризична тактика, која би можела да ги доведе во прашање резултатите постигнати досега.