Свет Балкан Грција: 80 отсто од мигрантите се бегалци

Грција: 80 отсто од мигрантите се бегалци

Повеќе од 230.000 мигранти влегле во Грција од јануари годинава, додека во истиот период минатата година таа бројка изнесувала 17.500, соопштија грчките власти.

Помошник-министерот за трговска морнарица, Никос Зоис, изјави дека повеќе од 80 отсто од мигрантите се багалци кои имаат право на политички азил.

– Станува збор за неверојатен пораст и не знам како било кој може да се подготви за тоа – рече Зоис.

Големиот бегалски бран кон Грција е резултат на засилената контрола на морските граници меѓу Либија и Италија, кои ЕУ го воведе по серијата давења на мигранти во водите околу островот Лампедуза во април.