Свет Балкан Грција: 77 години затвор за предизвикувачите на пожарот на Пелопонез

Грција: 77 години затвор за предизвикувачите на пожарот на Пелопонез

Судот во Грција им изрече затворска казна од вкупно 77 години на четворицата обвинети за пожарот на полуостровот Пелопонез во 2007 година, кој однесе 36 животи.

Како што јавуваат грчките медиуми, секој од обвинетите доби повеќе од 10 години затвор. Еден од обвинетите е поранешен локален управник, додека другите тројца се поранешен градоначалник, шумар и жител на регионот што беше зафатен со пожарот.