Хроника Гром запалил четири објекти во Кавадарци

Гром запалил четири објекти во Кавадарци

Гром предизвикал пожар во четири објекти во Кавадарци. Локaлните противпожарни екипи во моментов се на терен и работат на локализирање на пожарот, информирала портпаролката на Секторот за внатрешни работи Велес, Анита Стојковска, пренесува „24 Вести“.

„Во кавадаречката полиција беше пријавен пожар на четири објекти на улицата Питу Гули и веднаш е излезено на терен. Засега не можеме да дадеме повеќе информации“, соопштила Стојковска.