Свет Балкан Грчкото МНР на „Твитер“: Опасни се сите иредентистички активности од македонска страна

Грчкото МНР на „Твитер“: Опасни се сите иредентистички активности од македонска страна

Грчкото Министерство за надворешни работи преку „Твитер“ се огласи за случајот со Антонио Милошоски во Онтарио. Индиректно, без да го споменуваат Милошоски, чиј говор пред карта на Македонија со егејскиот дел беше споменат како провокација од Нова демократија, во твитот од Министерството забележуваат дека се опасни сите иредентистички активности од македонска страна.

„Рокот на важење на паралелните производи од скопскиот иредентизам одамна има истечено. Нивното користење и неразумно консумирање има опасни ефекти“, се вели во твитот на грчкото Министерство за надворешни работи.

М.П.