Македонија Грчките гранични премини отворени за сообраќај

Грчките гранични премини отворени за сообраќај

Утрово повторно се отворени за сообраќај граничните премини „Ники“, кај Меџитлија, „Дојрани“ кај Стар Дојран и „Евзони“, кои три дена беа бликирани поради штрајк на грчките цариници.

„Нормализиран е сообраќајот на патнички и товарни моторни возила и протокот на патници при влез и излез од Република Грција на сите гранични премини, кој беше во прекин од 20 мај 2016 година поради штрајк на грчките цариници“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Граничните премини „Ники“ и „Дојрани“, од петокот беа затворени за сообраќај на сите видови возила, а границата можеше да се помине само пеш, додека на преминот „Евзони“, возила се пропуштаа на секој два часа, во период од 15 минути.