Македонија Грчките цариници во штрајк, премините Богородица, Дојран и Меџитлија во прекин

Грчките цариници во штрајк, премините Богородица, Дојран и Меџитлија во прекин

Патничкиот сообраќај ќе биде дозволен периодично (не е познат точен распоред), но се советуваат патниците да избегнуваат движење преку овие гранични премини во овој период

фото: Мета.мк

Согласно информациите добиени од Амбасадата на Република Грција во Скопје, почувајќи од утре на полноќ, па до полноќ во среда, царинските служби во Грција ќе одржат дводневен штрајк, соопшти Царинската управа.

„На граничните премини Богородица – Евзони, Дојран – Дојрани и Меџитлија – Ники товарниот сообраќај ќе биде во целосен прекин во наведениот период, освен за расипливи стоки. Патничкиот сообраќај ќе биде дозволен периодично (не е познат точен распоред), но се советуваат патниците да избегнуваат движење преку овие гранични премини во овој период“, наведено е во соопштението на Царинската управа.