Свет Балкан Грчкиот парламент ја усвои програмата на Ципрас

Грчкиот парламент ја усвои програмата на Ципрас

Грчкиот премиер Алексис Ципрас вети дека ќе ја извлече земјата од криза до 2019 година и оти ќе ги ублажи мерките на штедење, кои ги бараат меѓународните кредитори со давање помош на најсиромашните.

Ова го изјави на крајот на тридневната дебата во парламентот, посветена на неговата платформа, која потоа пратениците ја усвоија.

Ципрас за својата програма за штедење доби поддршка од сите 155 пратеници од владејачката коалиција во парламентот, кој има 300 места.

Грчкиот премиер минатата недела истакна дека Грција мора да ја примени меѓународната програма за финансиска помош за да ја оствари својата главна цел, обнова на финансискиот пазар и ставање крај на наметнатиот надворешен надзор.