Македонија Границата со Србија затворена за мигрантите

Границата со Србија затворена за мигрантите

Српските власти одлучиле да ја затворат границата со Македонија, на Табановце, за мигрантите и тоа е сторено утринава околу 7 часот, пишува „Нова ТВ“ (novatv.mk).

Објаснувањето на Србија за овој потег е дека во бегалскиот камп во Прешево повеќе нема место. Кампот е преполн и нема капацитет да прими нови мигранти.

Србија вели дека границата ќе остане затворена сè додека кампот во Прешево е преполн.