Македонија Граѓаните на Аеродром на 12 локации можат да го одложат електронскиот отпад

Граѓаните на Аеродром на 12 локации можат да го одложат електронскиот отпад

Од Аеродром велат дека тие се првата општина која воспоставува организиран систем за собирање на електронски отпад

Извор на фотографија: Општина Аеродром

Скопската општина Аеродром воспостави соработка со колективниот постапувач за е-отпад „Нула Отпад“, со која граѓаните можат на 12 локации низ општината да ги одложат помалите електрични и електронски уреди од своите домови, информираат од Општина Аеродром.

„Со овие нови контејнери кои се поставени на 12 локации низ општината, правиме значаен исчекор за промоција на одржливоста и заштита на животната средина. Овој систем, ќе придонесе за намалување на опасниот отпад на улиците, дивите депонии кои се создаваат покрај контејнерите и ќе влијае на подигнување на јавната свест“, вели градоначалникот Тимчо Муцунски.

Од Аеродром велат дека тие се првата општина која воспоставува организиран систем за собирање на електронски отпад. Тие додаваат дека со одговорното отстранување на електронскиот отпад, заеднички придонесуваме да се намали влијанието на овој растечки проблем и да продолжи заедничката грижа за почиста животна средина.