Видео Граѓанските организации од Струмица направија пародија на проектот 140 градинки

Граѓанските организации од Струмица направија пародија на проектот 140 градинки

Граѓанските организации од Струмица денеска направија пародија на проектот за изградба на 140 детски градинки, кој лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, го најави минатата недела.

На настанот тие кажаа дека ВМРО-ДПМНЕ ветува, а владата исполнува, па оттука ја пуштиле првата од 140 ветени градинки која ја нарекоа „Трета радост“.

– Ние ќе направиме детски градинки во сите населени места, бидејќи во градовите веќе има. Ама немало деца, ќе има и деца, ќе ги направиме и ќе дојдат. На границата веќе чекаат 600.000 наши повратници од странство. Овој рај во Македонија не можат да го пропуштат, нема да работат за 2.000 евра и да мизеруваат во Германија – изјавија активистите од Струмица.