Македонија Граѓаните поднеле 800 барања за субвенции за велосипеди до Град Скопје

Граѓаните поднеле 800 барања за субвенции за велосипеди до Град Скопје

Од објавувањето на јавниот повик до денеска, до Град Скопје се поднесени повеќе од 800 барања за субвенции за купување на велосипеди, информираат оттаму.

Средствата што ќе ги надоместува Град Скопје се во износ од 50 проценти од цената на велосипедот, но не повеќе од 4.000 денари, нето-износ по лице.

„Град Скопје, со цел да ги стимулира граѓаните за користење велосипеди, ќе им обезбеди поврат на дел од потрошените средства, за набавка на велосипед од 13 мај, со објавувањето на јавен повик во дневните весници и на градската веб-страница, се до исцрпување на буџетот наменет за таа намена, но не подоцна од 31 декември 2017 година,“ информираат оттаму.

Јавниот повик ќе биде реализиран по принципот „прв дојден прв услужен“.