Економија Градот Скопје формираше Совет за поддршка на женското претприемништво

Градот Скопје формираше Совет за поддршка на женското претприемништво

Извор на фотографија: Град Скопје

Скопските градски власти денеска го формираа Советот за поддршка на женско претприемништво, којшто има за цел посветување на поголема поддршка на жените претприемачи, креирање политики за родово буџетирање, унапредување на родовата рамноправност и програми за финансиска поддршка за жените кои ја почнуваат својата претприемачка приказна.

„Важно е да се работи на родово сензитирано буџетирање во Градот Скопје, кое како инструмент на финансиска политика за родова перспектива ќе значи праведно распределување на буџетот“, се наведува во соопштението на Градот Скопје.

Советот има за цел да креира програми и создава можности за финансиска поддршка на жените претприемачи, но и да креира стимулативни програми за започнување на нови бизниси за жените.