Македонија Градоначалникот на Дојран не ја потпишал одлуката за одржување референдум

Градоначалникот на Дојран не ја потпишал одлуката за одржување референдум

Градоначалникот на Општина Дојран, Борче Стамов, не ја потпишал одлуката што едногласно ја донеле советниците на општината за одржување референдум за рудникот Казандол, кој требаше да се одржи на 18 јуни.

„Откако на 15 мај заврши мандатот на локалната власт, јас немав право да потпишам никаква одлука за референдум затоа што роковите за одржување на референдумското изјаснување на граѓаните на Дојран едноставно не можеа да се исполнат“, изјавил Стамов за „МКД“.

Одлуката повторно ќе биде вратена на разгледување на 19 јуни.

Вчера, на референдум во Општина Богданци повеќе од 98 проценти од граѓаните се изјасниле против работата на рудникот Казандол, но и против отворање други рудници на територијата на нивната општина.