Економија Градежниците очекуваат пад на бројот на вработени

Градежниците очекуваат пад на бројот на вработени

Намалени порачки, пад на бројот на вработени и влошена економска состојба во градежниот сектор очекуваат раководителите на градежните компании во Македонија, открива најновата анкета на Државниот завод за статистика.

Во наредниот период се очекува продажните цени да се зголемат, a бројната состојба и квалитетот на механизацијата и опремата се над нормалата.

Најголемо влијание врз ограничувањето за подобрување на тековната градежна активност имаат следните фактори: зголемени трошоци за материјали со 22,4 отсто, нема побарувачка со 20,3 отсто, конкуренција во сопствениот сектор со 13,8 отсто и недостиг на обучен кадар со 12,1 отсто.