Економија Градежниците лани изградиле 1.772 станови

Градежниците лани изградиле 1.772 станови

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2014 година, деловните субјекти што се занимаваат со градежна дејност извршиле градежни работи во вредност од 24. 909.016.000 денари. Од нив, 8.672.866.000 денари се за објекти во индивидуална сопственост.

Во текот на 2014 година, се градени вкупно 1.734 објекти, а завршени се вкупно 1.772 станови со вкупна површина од 122.332 квадратни метри, од коишто 1.446 се во индивидуална сопственост.

Просечната корисна површина на завршените станови е 69 квадртани метри. По региони, најмногу се градело во скопскиот регион, потоа во вардарскиот, во пелагонискиот итн.