Дописници Град со големина на лешник направи пустош во Прилепско

Град со големина на лешник направи пустош во Прилепско

Силно невреме, проследно со врнежи од град со големина на лешник, ги зафати атарите на селата Тополчани, Подмол, Тројкрсти, Канатларци и Чепигово, каде земјоделските насади се целосно уништени.

Селаните се жалат дека насадите со жито, пченка и со тутун се целосно уништени, како и сите пластеници со земјоделски култури, а производството не е осигурано.

Тие бараат од надлежните да излезат на терен и да направат процена на штетата во овие населени места.

Б.Б.