Македонија Град Скопје за утре и задутре најавува прскање против комарци

Град Скопје за утре и задутре најавува прскање против комарци

Авионско прскање против комарци. Фото: Град Скопје

По ситуацијата во последниве денови, кога голем број скопјани се жалат на наездата на комарци, Град Скопје соопшти дека утре и задутре би требало да се изврши вонредно прскање против комарци. Во соопштението се вели дека зголеменото размножување на комарците се должи на зголемено количество влага во вегетацијата.

Прскањето ќе биде авионско, а треба да се изврши утре или задутре, во раните утрински часови. Од Град Скопје велат дека ако временските услови утре не се поволни за авионско прскање, тоа ќе се изврши во првиот нареден ден со поволни временски услови.

Град Скопје ги известува пчеларите навремено да преземат мерки за заштита на своите пчели.