Македонија Град Скопје поради големото загадување препорачува да не се седи на отворено

Град Скопје поради големото загадување препорачува да не се седи на отворено

Град Скопје издаде низа препораки за граѓаните поради големото загадување на воздухот. Препораките следуваат по соопштението од Министерството за животна средина и просторно планирање за надминување на прагот на информирање каде вредноста на ПМ10 честичките во воздухот над 100 микрограми на еден кубен метар во текот на два последователни дена на минимум две мерни станици во Скопје.

Од Град Скопје препорачуваат да се одложат сите активности на отворено, да се избегнува користењето на возила, да се користи јавниот превоз, а рано наутро и доцна навечер да се избегнува долготрајна изложеност на отворено.

„За затоплување на домовите да не се користат отпадни материјали, прегорено машинско масло, лакирани и обоени отпадоци од дрво, стиропор, ПЕТ амбалажа, гуми и каков било синтетички материјал; да се користи суво и чисто дрво без примеси од земја и од отпадоци; печките на дрво да се користат и одржуваат според упатствата на производителот; редовно да се чистат оџаците“, порачуваат од градската администрација.