Македонија Град Скопје ќе даде три милиони денари помош за поплавените

Град Скопје ќе даде три милиони денари помош за поплавените

Советот на Град Скопје денеска одржа вонредна седница на која донесе одлука за давање помош на настраданите од поплавите во Република Македонија.

Со оваа одлука, Градот Скопје, како израз на солидарноста спрема настраданите од поплавите во Република Македонија, ќе даде парична помош во износ од три милиони денари.

Во согласност со оваа одлука, која Советот ја донесе едногласно, средствата ќе бидат префрлени на посебната наменска сметка за елементарни непогоди – поплави 2015 година, отворена во рамки на Трезорот на Министерство за финансии.