Македонија Град Скопје: Казна за Муцунски од 88.000 евра, општината направила дива депонија

Град Скопје: Казна за Муцунски од 88.000 евра, општината направила дива депонија

Дополнително, против сите прекршители ќе бидат поднесени и соодветни кривични пријави, велат од град Скопје

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Инспекторатот за животна средина изрече парична казна за општина Аеродром и градоначалникот Тимчо Муцунски во висина од 88.000 евра во денарска противвредност поради исфрлање на отпад на јавна површина со што се загрозува животната средина и здравјето на граѓаните, информираше Град Скопје.

Оттаму додаваат дека општина Аеродром преку компанијата „Пирамид Билдинг” ангажирана на тендер, наместо на предвидената локација во ЈП „Дрисла” го исфрлала општинскиот отпад на зелена површина, во парк во близина на управната зграда на ФФМ на бул.АСНОМ, со што била направена нова дива депонија.

„Рокот за подмирување на казната е 8 дена од денот на изрекувањето, во спротивно истата присилно ќе се наплати. Дополнително, против сите прекршители ќе бидат поднесени и соодветни кривични пријави“, велат од Град Скопје.