Свет Балкан Грабар-Китаровиќ: Кандидатурата на Пусиќ може да предизвика раздор во земјата

Грабар-Китаровиќ: Кандидатурата на Пусиќ може да предизвика раздор во земјата

Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ денеска оцени дека одлуката за хрватската кандидатура за генерален секретар на Обединетите нации би требало да ѝ се препушти на новата влада бидејќи изборите се преблизу.

– Нема да одам против националниот кандидат, но сметам дека мора да има широка поддршка, особено на ниво на национален консензус. Не станува збор за меѓународен натпревар или јавен повик на кој било кој кандидат, па оваа одлука не е добра и се плашам дека ќе создаде раздор во земјата – рече Грабар-Китаровиќ.

Владата претходно на затворен дел од седницата одлучи својата потпретседателка и министерка за надворешни и европски работи, Весна Пусиќ, да ја кандидира за генерален секретар на ОН.