Дигитални права Граѓаните и фирмите ќе можат онлајн да ги следат предметите за приватизација

Граѓаните и фирмите ќе можат онлајн да ги следат предметите за приватизација

oznor

Граѓаните и фирмите ќе можат да се информираат до каде е нивниот предмет за приватизација во Управата за имотно правни работи (УИПР) на веб-страницата privatizacija.finance.gov.mk.

-Нема веќе предмети во фиока. Направивме системско решение, платформа privatizacija.finance.gov.mk преку која граѓаните и фирмите ќе можат од својот дом или канцеларии, преку компјутер да  ja следат постапката за приватизација во Управата за имотно-правни работи. Ова значи дека граѓаните и фирмите ќе имаат постојано увид во која фаза е нивниот предмет – од прием на барањето за приватизација, преку обработка на предметот и решавање на истиот – до архивирање – рече Тевдовски.

Тој посочи дека придобивките од ваквиот пристап е дека граѓаните и фирмите добиваат нова и подобра услуга од Управата, ќе се подобри ефикасноста на Управата и ќе се изврши дигитализација на процесите.

-Постапката за користење е многу едноставна. Се што ви треба од податоци се архивскиот број на предметот, кога е поднесен, катастарската парцела и општина каде е поднесен. Доколку не ја знаете катастарската парцела или општината, доволно е само да го внесете својот матичен број или даночен број во случај на правно лице. Софтверот потоа на вашиот е-маил доставува податоци до каде е вашиот предмет – рече Тевдовски и посочи дека засега на платформата се внесени предмеите од 2018 и 2019 година, додека во рок од една година ќе се внесат и сите предмети.