Дописници Гостиварецот кој се бараше со потерница, пронајден и сместен во затворот во...

Гостиварецот кој се бараше со потерница, пронајден и сместен во затворот во Охрид

Гостиварецот Џ.И., кој се бараше со потерница за издржување затворска казна, е пронајден од полицијата и е сместен во затворот во Охрид.

Поради постоење основи на сомневање дека сторил шест тешки кражби и дека одзел моторно возило, полициската станица од Струга му поднесе кривична пријава.

Пријавениот, казнените дела ги сторил во текот на август и на септември оваа година во Струга. Тој, со употреба на погоден алат и прибор, насилно отворал прозорци од куќи и од деловни објекти низ Струга. Одзел пари, златен накит, мобилни телефони и други вредни предмети.

Џ.И. извршил две кражби на плажа во Струга и една во кафе-бар во центарот на градот. Притоа, успеал незабележано да одземе паричници, стекнувајќи значителна противправна имотна корист.

Оперирајќи низ Струга, Џ.И. на паркиралиште забележал моторно возило кое не било заклучено, а клучевите биле оставени во внатрешноста на автомобилот, го зел возилото и го користел за свои потреби.

Пријавениот Џ.И. е спроведен во казнено-поправната установа во Охрид.