Хроника Гостиварец осомничен дека пијан предизвикал пожар во куќа

Гостиварец осомничен дека пијан предизвикал пожар во куќа

Дваесет и осумгодишен гостиварец бил осомничен дека во алкохолизрана состојба предизвикал пожар во куќа, која целосно изгорела.

Како што информираат од полицијата, осомничениот Г.Џ. (28) се товари за предизвикување општа опасност. Тој, на 12 август минатата година, околу 2.30 часот, на улицата Никола Парапунов во Гостивар, под дејство на алкохол предизвикал пожар, во кој целосно изгорела куќа, информираат од полицијата.