Свет Европа Горниот дом ѝ постави нови услови на Меј за Брексит

Горниот дом ѝ постави нови услови на Меј за Брексит

Британскиот Горен дом на лордовите денеска гласаше за измена на планот на премиерката Тереза Меј, со кој таа ќе може да ги почне преговорите за напуштање на Европската Унија.

Како што се наведува, Меј ќе може да го направи тоа само ако вети заштита на три милиони граѓани на ЕУ, кои живеат во Велика Британија.

Со 358 гласови „за“ и со 256 „против“, Домот на лордовите гласаше за аманадман на законот за ЕУ, со кој од владата се бара во рок од три месеци на почетокот на преговорите за излегување да ги објави предлозите за тоа како ќе ги заштити граѓаните на Британија кои во моментов живеат во ЕУ.

Одлуката не го доведува во прашање планот за законот кој дозволува активирање на член 50 од Лисабонскиот договор, но ќе предизвика доцнење на усвојувањето на тој текст кој овозможува почеток на процедурата за напуштање на ЕУ.

Владата соопшти дека е разочарана од ваквиот исход од гласањето, но Меј нагласи дека останува на намерата да го почне процесот за напуштање на Унијата пред крајот на мај, без разлика на одлуката на Горниот дом.