Економија Горивата поевтинуваат за половина денар

Горивата поевтинуваат за половина денар

(Фото: finance.bigmir)

Бензините, дизелот и екстра-лесното масло за домаќинства поевтинуваат за половина денар од ноќеска на полноќ, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на „еуросупер БС – 98“ ќе изнесува 68 денари за литар, „еуросупер БС-98“ ќе чини 70 денари за литар, a „еуродизел“ ќе чини 62,5 денари.

Намалувањето на цената на нафтените деривати во просек изнесува 0,48 проценти. Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика е донесена врз основа на цената на нафтените деривати на светскиот пазар и курсот на денарот во однос на доларот во изминатите седум дена.