Економија Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 1,5 а дизелот за 2,5...

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 1,5 а дизелот за 2,5 денари

(Фото: finance.bigmir)

Горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат, објави Регулаторна комисија за енергетика.

Од полноќ, „еуросупер-95“ и „еуросупер-98“ поевтинуваат за 1,50  денари и еден литар од овие горива од вечерва ќе се продава за 61,50 односно 63,50 денари.

Цената на „еуродизел“ горивото се намалува за 2,50 денари, и еден литар дизел гориво ќе чини 58,50 денари.