Економија Горивата поевтинуваат од ноќеска на полноќ

Горивата поевтинуваат од ноќеска на полноќ

Цените на горивата од ноќеска на полноќ се намалуваат од 1,5 до 3,5 денари.

Цената на „еуросупер БС-98“ се намалува за 3,5 денари, „еуросупер БС-95“ се намалува за три денари, а дизелот и екстра-лесното масло за домаќинства за 1,5 денари за литар.

Новата цена на „еуросупер БС-98“ ќе биде  73 денари, „еуросупер БС-95“ ќе се продава по цена од 71,50 денари, а дизелот по цена од 67,50 денари по литар.

Намалувањето на цените на нафтените деривати се должи на пониската цена на суровата нафта на светските пазари во изминатиот 14-дневен период и повисокиот курс на денарот во однос на доларот.