Економија Горивата поевтинуваат од ноќеска на полноќ

Горивата поевтинуваат од ноќеска на полноќ

(Фото: finance.bigmir)

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 1,8 проценти во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката од 20 јануари.

„Малопродажните цени на бензините „еуросупер БС-95“ и „еуросупер БС-98“ се намалуваат за половина денар за литар и со тоа малопродажната цена ќе изнесува 67,50 денари, додека малопродажната цена на „еуросупер БС-98“ изнесува 69,50 денари за литар. Малопродажните цени на еуродизел и на екстра-лесното масло за домаќинство се намалуваат за еден денар и со тоа малопродажната цена на дизелот изнесува 60 денари, додека малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство изнесува 49 денари“, информираат од РКЕ.