Галерија Гори дивата депонија кај „Борис Трајковски“ во скопски Карпош

Гори дивата депонија кај „Борис Трајковски“ во скопски Карпош [Галерија]

Пожарот го гаснат три возила со седуммина пожарникари и се очекува набрзо да биде локализиран

Фото: Мета.мк

Гори депонијата кај спортскиот центар „Борис Трајковски“ во скопски Карпош. Од Противпожарната бригада соопштуваат дека се запалени сува трева и ѓубре од депонија.

Пожарот го гаснат три возила со седуммина пожарникари и се очекува набрзо да биде локализиран.

Над населбата повеќе од еден час се гледа густиот црн чад.

Веќе неколку години во текот на зимата овој простор се трупа со ѓубре, а потоа на лето се пали, по што депонијата понекогаш гори со денови.