Македонија Големи одрони на патот Маврово – Дебар

Големи одрони на патот Маврово – Дебар

Патниот правец Маврово – Дебар е попречен со големи одрони.

Од АМСМ информираа дека во непосредна близина на манастирот Бигорски се одронила поголема карпа.

Патот е пренасочен преку бензинската пумпа, а одронот ќе биде расчистен во текот на денот.

Другите патишта во земјава се влажни, а особено внимание при возењето е потребно на делниците што минуваат низ клисурите и низ засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.
Од АМСМ препорачуваат да се вози со прилагодена брзина и да се почитува сигнализацијата.