Свет Европа Голема евакуација во Москва поради дојава за подметнати бомби

Голема евакуација во Москва поради дојава за подметнати бомби

Околу 3.000 лица се евакуирани од место каде се наоѓаат три железнички станици во Москва – Казанска, Јарославска и Ленинградска. Евакуацијата следела по анонимна дојава дека на станиците се поставени бомби.

– По повикот дека на железничките станици се поставени бомби, евакуирани се по 1.000 лица од Казанска и од Ленинградската, додека од Јарославска се евакуирани 750 лица – наведува неименуван извор од руските безбедносни служби.

Според истиот извор, наскоро се очекува да пристигнат специјалните единици кои ќе извршат детална проверка на станиците.