Свет Балкан Голем шумски пожар во централна Грција

Голем шумски пожар во централна Грција

Голем шумски пожар беснее во Дервенохорија, во централниот дел на Грција, а огнот се шири кон три различни насоки, соопштија од грчката противпожарна служба.

Иако вчера се чинеше дека пожарот е ставен под контрола, сепак ветрот што дуваше во вечерните часови го разгоре огнот и предизвика нови пожари во непристапни клисури, каде е невозможно да се испратат екипи или возила. Од противпожарната служба велат дека засега не се загрозени населени места.

Пожарот беснее веќе четврти ден.  Во негово гаснење учествуваат 300 пожарникари и 74 противпожарни возила. Армијата, исто така, испрати околу 100 војници и 17 булдожери да копаат ровови.