Свет Балкан Голем протест на опозицијата во Албанија утре

Голем протест на опозицијата во Албанија утре

Одбележувајќи го 83-от ден на непрeкинати протести, од шаторот пред канцеларијата на премиерот на Албанија во Тирана, лидерот на Демократската партија, Љуљзим Баша, денеска пред демонстрантите најави голем протест на опозицијата за утре.

– Тоа ќе биде најголемиот протест од времето кога Албанците раскрстија со комунизмот. Тој ќе го означи почетокот на „Новата република“, бидејќи целата нација ќе се собере за да бара слободни и фер избори – рече Баша.

Протестот е најавен како мирен, а за редот ќе се грижат околу 2.000 полицајци, меѓу кои и специјалци.

Некои медиуми објавија дека утрешниот протест ќе значи и завршница на непрекинатото речиси тримесечно протестирање пред канцеларијата на Еди Рама и Демократската партија ќе почне масовна кампања во која ќе ги убедува граѓаните да ги бојкотираат изборите.